Фото: Принтскрин

Германија по првпат во својата историја го освои Светското првенство во кошарка, откако по финалето во Манила, со далеку подобра игра во второто полувреме ја совлада Србија со 83-77 (23-26, 24-21, 22-10, 12-20), која одеше на прва титула како самостојна држава по победата во 2002 година како СР Југославија.

Во првото полувреме се играше доста ефикасно и израмнето на двете страни. Меѓутоа, во третата четвртина, Србите постигнаа само 10 поени, а Германија се одлепи на 12 коша разлика.

На нешто повеќе од една минута до крајот, Марко Гудуриќ промаши шут за три поени на резултат 78-75 за противникот, по што Германците успеаја да слават.

Денис Шредер ја предводеше победничката екипа со 25 поени и два скока, додека Фриц Вагнер заврши со 19 поени, а кај Србите предничеше Алекса Аврамовиќ со 19 поени, од кои 16 во последната четвртина.

Бронзата на Мундобаскетот претходно отиде кај Канада, која ги остави САД без медал на вториот глобален шампионат едноподруго.