Шампионот е пред елиминација?

КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Првпат по сезоната 2013/2014, актуелниот шампион Голден стејт има два пораза во првата рунда од плејофот во кошаркарската НБА-лига. Тогаш серијата беше 4-3 за Лос Анџелес клиперс, а овој пат тоа може да го стори Сакраменто, кој по победата со 114-106 води со 2-0. Ова е првпат Стеф Кари од Голден стејт да тргне со 0-2 во плејофот-дуелите. Домантас Сабонис и неговите соиграчи повторно одиграа брилијантно пред своите гледачи во пресрет на гостинските мечеви, каде што ќе се настапат во следните два натпревара. Со една победа од тие два меча, Сакраменто ќе биде на еден триумф од пласман во четврт-финалето. Еден од најголемите кандидати за шампионската титула сезонава, Филаделфија, поведе со 2-0 против Бруклин откако го доби и вториот меч, сега со 96-84. Пресвртот беше виден во третата четвртина, која Филаделфија ја доби со 24-14. Г.И.