Фото: Фејсбук/КФМ

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ја совлада Норвешка во Осло со убедливи 79-41 и обезбеди пласман во главната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година.

Со петтиот триумф во шестиот натпревар во претквалификациите, македонскиот состав заврши на првото место во групата Д пред главниот конкурент Словачка, која претходно денеска во возбудлив натпревар извојува гостинска победа над Данска од 72-71.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Ти Џеј Шортс со 25 поени.