Фото: принтскрин

Кина не се премисли да обезбеди вооружена помош за Русија во нејзиниот напад врз Украина, а САД јасно ставија до знаење зад затворени врати дека, доколку тоа се случи, таквиот потег ќе има сериозни последици – рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

– Пекинг ќе мора сам да донесе одлуки за тоа како да продолжи, дали ќе обезбеди воена помош, но ако се оди на тој начин, тоа многу ќе ја чини Кина – рече Саливан во интервју за Си-Ен-Ен.

Кина се уште не почнала да ја дава таа помош, но Пекинг не ја симна таа опција од масата, додаде Саливан – пренесе Танјуг.