Ненад Димитријевиќ/Фото: КФМ

Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги отвори претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година. Македонските кошаркари на гостувањето кај Данска славеа со 73-70 во дебито на селекторот Александар Јончевски.

Освен првата четвртина, Македонија во преостанатиот дел беше подобар противник и заслужено се радуваше на победа после пауза од една година. Последен пат ја победивме Швајцарија на гости на 14 август 2021 година.

Во првата четвртина домаќинот беше подобар, па првата четвртина заврши 18-14.

Во продолжението од мечот македонските кошаркари ги консолидираа своите редови па направија серија од 1-11 и дојдоа на плус шест (19-25) во 14 минута. Но Данска се разбуди па се доближи на 24-25. На одморот Македонија замина со водството 29-34.

Изедначена битка се водеше и во третата четвртина со тоа што Македонија ја одржуваше предноста, па на средината на овој период беше 41-46. Македонија брзо дојде на плус седум 45-52, но исто брзо и дозволи на Данска да израмни на 55-55 пред стартот на последната четвртина. Резултатот постојано се менуваше, домашниот тим на средината на последната четвртина поведе со 66-62. Македонија долго време беше без постигнат кош, Јончевски повика тајм-аут.

Крстевски израмни на 68-68, а потоа Димитријевиќ на 70-70 на 24 секунди до крајот. Следеше тајм-аут за домаќинот и напад, на голема среќа истиот не беше реализиран, а Димитријевиќ со тројка и донесе победа на Македонија.

Во рамки на второто коло Македонија в недела во Скопје ја пречекува Словачка.