ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум други лица, изјави официјален претставник.

Тој за Си-ен-ен изјави дека тимот за прибирање докази на ФБИ е на самото место на настанот и им помага на локалните власти во истрагата.

Одборот за безбедност на националниот сообраќај ја спроведува формална истрага и ја испитува причината за фаталната несреќа.

Наводно, временските услови за време на летот не ги исполнувале минималните стандарди за летање поради маглата, изјави Џош Рубинштајн, портпарол на службата.

Тој додаде дека кога се такви условите, хеликоптерите не смеат да летаат.

– Не летавме во неделата наутро поради временските услови – рече Рубинштајн.


Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на несреќата, бидејќи хеликоптерот се урнал во непристапен и опасен терен.

Дарил Озби, началник на противпожарната единица во округот Лос Анџелес, изјави дека местото на несреќата е тешко за пристап и дека пожарникарите морале да се искачуваат до местото на несреќата.