КОШАРКА

Кошаркарската НБА-лига ги објави двете најдобри петорки за сезонава во избор на спортските медиуми. Во идеалната петорка влегоа: Јанис Адетокумпо (Милвоки, со максимални 500 гласа), Никола Јокиќ (Денвер, 498), кој беше избран и за МВП, Стеф Кари (Голден стејт, 496), Лука Дончиќ (Далас, 402) и Кавај Ленард (ЛА клиперс, 323).
Втората петорка ја сочинуваат Крис Пол (Феникс), Демиен Лилард (Портланд), Џоел Ембид (Филаделфија), Џулиус Рендл (Њујорк), Леброн Џeјмс (ЛА лејкерс).