Бекот на Хјустон рокетс Џејмс Харден (29) стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој успеал да постигне најмалку 30 поени против сите 29 противници во една сезона.

Играчот кој лани се закити со титулата МВП на лигата синоќа постигна 31 поен во победата над Атланта хокс со 121-105, со што популарната „брада“ 48 пат во 67 натпревари постигна најмалку 30 поени. Харден, покрај поените, оствари и 10 асистенции и осум скокови.

Претходно ова сезона, играчот на рокетси успеа да уфрли 30 поени на 32 натпревари по ред, низа која не успеа да ја продолжи на натпревар токму против Атланта во декември.

Харден остана втор на оваа престижна листа, иако беше далеку од рекордот на Вилт Чембрлен кој го постави во 1960-тите години, кога тој доминираше во лигата и на 65 натпревари по ред уфрли најмалку 30 поени.

Чембрлен исто така има сличен рекорд како Харден и има постигнато 30 поени против сите тимови во лигата во една сезона, но тогаш лигата имаше помалку екипи. Моменталниот формат на НБА со 30 екипи беше воспоставен во 2004 година.

Моменталниот шампион Голден Стејт вориорс води во Западната конференција, а Хјустон рокетс на Харден се на третото место во борбата за плејофот.