Македонската фудбалска репрезентација изгуби од Велс, кога Брукс во 96 минута даде гол. Претходно, нашата репрезентација поведе со гол на Миовски во 91 минута.
На Националната арена „Тодор Проески“ дојдоа голем број навивачи не само да гледаат натпревар, туку и во знак на поддршка за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Сите пари од продадени билети ќе бидат донирани токму на нив. Натпреварот започна со минута молк за жртвите од Кочани.