Елиминацијата на Италија прикажана и на шеговит начин
Љубителите на фудбалот, како и бројни спортски медиуми ширум светот на шеговит начин реагираа на сензационалната елиминација на фаворизираната Италија од Македонија (0-1) во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
На социјалните мрежи беа објавени неколку шеговити прикази на кои Македонија крши шпагети и става кечап на нив, илустрација на порталот „Гол“ со откажан италијански лет за Катар додека Леонардо Бонучи и Жоржињо чекаат на аеродром, бројни мемиња за кои се искористени сцени од филмски хитови, како и од цртаниот филм „Том и Џери“, но и познатиот дуел на Италијанецот Џорџо Киелини и англискиот репрезентативец Букајо Сака од финалето на минатото Европско првенство… Во продолжение се објавени поинтересните шеги со кои е прикажана италијанската елиминација.