ФУДБАЛ – САД
Шпанскиот фудбалер од средниот ред Рики Пуиг постигна по еден гол и асистенција во победата на Лос Анџелес галакси во градското дерби со ФК Лос Анџелес со 2-1, на меч на кој беше поставен рекорд во американската МЛС-лига, оти беше одигран пред рекордната публика од 82.110 на стадионот „Роуз боул“, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Ова 18-то издание на градското дерби, познато како „Ел трафико“, го собори досегашниот рекорд на МЛС од 74.479 гледачи, колку што имаше лани на натпреварот Шарлот – ЛА галакси. Дуелот првично беше закажан за 25 февруари на првиот ден од регуларниот дел од сезоната, но беше одложен поради силен дожд и ветер во Јужна Калифорнија, пишува АП.