На ЕП 2016 беа постигнати 17 гола со удар од надвор од шеснаесетникот, 19 на ЕП 2020, но по 51 меч, а на ЕП 2024 има 11 вакви гола на само 12 натпревари. Во првото коло на ЕП 2024 нивото на забава беше високо, една од причините за тоа се големиот број голови од далечина. Имаше само еден гол од надвор од шеснаесетникот во финале на ЕП во повеќе од 30 години, во 2016-та, можеби е време ЕП 2024 да заврши како што почна и да донесе уште еден, пишува „Скај спорт“
ФУДБАЛ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА
Со завршувањето на првото коло на фудбалското Европско првенство во Германија, нивото на забава беше високо, а една од причините за тоа се големиот број голови од далечина, вкупно 11 досега, пишува „Скај спорт“. Имаше само 17 гола со удар од надвор од шеснаесетникот на ЕП 2016, 19 на ЕП 2020, но на тие турнири по 51 меч, а на ЕП 2024 има 11 вакви гола на само 12 натпревари. Во својот преглед на претходното ЕП, Европската фудбалска унија (УЕФА) заклучи: „Ова се чини дека укажува на континуирана склоност да се работи со топката во области со поголема веројатност да се постигне гол, наместо опцијата со низок процент да се погоди голот од далечина“. Тоа е она што го прави ова интересно, пишува „Скај спорт“. Имаше време кога монтажата за гол на месецот рутински вклучуваше збир на удари од далечина. Трендот сега е кон нешто посложено, но ова го намалува тој тренд. Помалку удари од надвор од шеснаесетникот се гледаат како последица на порастот на аналитиката и податоците за очекуваните голови што сега се популарни во играта. Оваа анализа го истакна она што требаше да биде очигледно, ударите од далечина имаат многу помали шанси да успеат. Се претпочита задржување на поседот, изборот на додавањата пред ударите, а резултатот е дека процентот на удари од надвор од шеснаесетникот се намалува (податоците од англиската Премиер-лига покажуваат дека изминатава сезона забележа рекордно низок процент на удари од далечина, од 44,9 отсто пред 10 години, бројката сега е 32,8 отсто), пишува „Скај спорт“.
На ЕП 2024 вкупно 39,2 отсто од ударите беа од надвор од шеснаесетникот. Има некои статистички показатели дека тимовите навистина би можеле да шутираат поредовно отколку сега. Еден труд за Конференцијата за спортска аналитика во 2021 година ја истражи оваа можност и дојде токму до таков заклучок. Во воведот е цитиран Јохан Кројф: „Не можете да постигнете гол ако не шутирате“. Тоа истражување покажа дека има области надвор од шеснаесетникот од кои тимовите би можеле да додадат помеѓу 0,5 и 1,5 гол по сезона на нивниот вкупен збир ако ја зголемат фреквенцијата на удари во тие зони за 10-20 проценти, пишува „Скај спорт“.
Имаше само еден гол од надвор од шеснаесетникот во финале на ЕП во повеќе од 30 години (Едер за Португалија на ЕП 2016). Можеби е време ЕП 2024 да заврши како што почна и да донесе уште еден, пишува „Скај спорт“. Н.М.