Фото: Архива на „Нова Македонија“

Шпанците Дани Карвахал и Начо се приклучија на елитниот клуб со фудбалери што ги освоија титулите на Европско првенство (ЕП) и во Лигата на шампионите (ЛШ) во иста година, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Тие годинава победија во ЛШ со Реал Мадрид и завчера со Шпанија на ЕП 2024. За да се квалификуваат како „двојни победници“, фудбалерите мора да се појавиле во двете победнички финалиња, пишува УЕФА. Претходно ваква двојна круна освоија Луис Суарез (во 1964 година со Интер и со Шпанија), Ханс ван Брукелен, Роналд Куман, Бери ван Ерле, Џералд Ваненбург (1988 со ПСВ и со Холандија), Фернандо Торес, Хуан Мата (во 2012 г. со Челси и со Шпанија), Кристијано Роналдо, Пепе (2016-та со Реал Мадрид и со Португалија) и Жоржињо (во 2021 година со Челси и со Италија). Н.М.