Фудбалската репрезентација на Германија убедливо ја победи Шкотска со 5-1 на првиот натпревар на Европското првенство, одигран вечерва на арената „Алијанц“ во Минхен.
Избраниците на Џулијан Нагелсман во првото полувреме целосно го надиграа противникот и остварија три гола предност.
Флоријан Вирц го отвори резултатот, за набргу потоа да погоди и Џамал Мусијала. На крајот на првото полувреме Каи Хаверц постигна гол од белата точка, а непосредно пред тоа Рајан Портеус беше исклучен со директен црвен картон поради прекршок над капитенот на „панцирите“, Илкај Гиндоган.
Последните два гола за Германија беа дело на резервистите Никлас Филкруг и Емре Џан, додека погодокот за Шкотска беше автогол на германскиот дефанзивец Антонио Ридигер.
Утре се игра натпреварот помеѓу другите две селекции во истата група – Унгарија и Швајцарија (15 часот), а потоа ќе се сретнат Шпанија и Хрватска (18 ч.), додека актуелниот европски првак Италија ќе се соочи со Албанија (21 ч.).