Премиерот Зоран Заев, министерот заа надвореши работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши попладнево тргнаа за Букурешт каде од трибините ќе го следат првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

– Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас! – напиша Заев на Фејзбук каде објави и фотографија од аеродромот пред тргнувањето.

Попладнево, со почеток во 18 часот, фудбалерите ќе играат со репрезентацијата на Австрија.