Фото: Пиксабеј

Животни

Дали знаевте дека вашата мачка е подобра од детектив? Мачките имаат неверојатни способности и колку повеќе сме во контакт со нив, толку повеќе сфаќаме колку не ги познаваме доволно. Но тие нас нè познаваат многу добро и знаат практично сè за нас, дури и она на што не му придаваме толку големо значење.
Ги знае сите ваши навики: Не треба да фаќате белешки за тоа кога се будите, појадувате, доаѓате дома од работа, па дури и кога одите на спиење секоја вечер. Вашата мачка го знае ова бидејќи е одличен набљудувач. Мачките се исклучително интелигентни животни и учат од секојдневниот живот.
Знае кога зборувате со неа: Вашата мачка знае дали разговарате со неа без оглед на типот на разговорот. Таа го препознава вашиот глас и „учествува“ во разговорот. Всушност, една научна студија покажува дека нашите прекрасни мачки се целосно свесни кога разговараме со нив, што е уште една причина да продолжиме да им зборуваме.
Ги знае вашите слаби точки: Вашата мачка знае што да очекува од одредени типови однесување и кога да ги очекува. Таа ги знае вашите слабости и може да манипулира со вас како што сака. Ве допира со шепата, мјаука толку нежно и слатко што е невозможно да се каже не. Всушност, дури и можете да се почувствувате виновни.
Знае каде сте биле: Таа не ги гледа вашите објави на Фејсбук, Инстаграм или на Тикток, но мачката точно знае каде сте биле пред да стапнете во куќата. Мачките имаат неверојатно сетило за мирис. Замислете само дека во носот на мачката има до 200 милиони мирисни клетки, во споредба со петте милиони кај нас луѓето. Мирисот е високоразвиено сетило кај мачките и им овозможува да интерпретираат пораки однадвор.
Знае дали сте болни: Мачките имаат неверојатна способност да почувствуваат кога нешто не е во ред и да знаат кога нивниот сопственик е болен. Знаат како да го протолкуваат говорот на вашето тело во случај на болка, чувствуваат повисока телесна температура и хормонални промени, а тоа го потврдуваат и ветеринарите.