Животни

Домашните миленици често знаат да ни го збогатат животот, но дали некогаш сте размислувале како овој вид еволуирал со текот на времето? Издвојуваме само некои факти што можеби не сте ги знаеле за вашите миленици.
Наместо клучна коска, тие имаат ‘рскавица: Додека клучната коска кај човекот ги поврзува рамената со торзото, тоа не е случај со кучињата. Кај нив, лопатките се поврзани со остатокот од телото само со мускули и ткиво. „Клавикулите“ на кучето се направени од ‘рскавица и не се движат со остатокот од скелетот.
Веѓи за изразен поглед: Погледот на кучето може да го стопи и најтврдото срце. Меѓутоа, според експертите, кучињата со текот на годините развиле посебни мускули на лицето, кои им овозможиле да ги туркаат веѓите навнатре и нагоре за подобро да комуницираат со луѓето.
Можат да живеат до 30 години: Кучето од расата австралиски овчар по име Блуи го држи официјалниот Гинисов рекорд за најстарото куче во светот. Тој бил посвоен како кученце во 1901 година и повеќе од 29 години работел рамо до рамо со своите сопственици чувајќи говеда и овци.
И кучињата можат да потемнат: Речиси сите видови кучиња можат да изгорат од сонце. Меѓутоа, оние со кратко и светло влакно се најподложни на тоа. Најдобар начин да го заштитите вашето куче од изгореници е да го чувате во сенка во најжешките периоди од денот.
Сите кучиња имаат папок: Можеби никогаш не сте виделе или почувствувале папок на куче под вашите прсти, но тој постои. За разлика од човечките бебиња, на кои лекарот им прави папок од папочната врвца, кај кучињата женката ја сече врвцата со забите, а по неколку дена на стомакот останува само овална лузна.