Фото: Пиксабеј

Здрава храна

И покрај тоа што можеби изгледаат како непријатели на витата линија поради нивната висока калорична вредност, јаткастите плодови заземаат престижно место во фитнес-менијата низ светот. Причина за тоа е нивната импресивна хранлива вредност, што ги прави незаменливи сојузници во постигнувањето здрави и урамнотежени нутриционистички цели.
Тие се извор на здрави масти. Првата и најважна карактеристика на јаткастите плодови е нивниот богат состав: тие се извор на здрави масти, протеини, витамини и минерали. Мастите присутни во јаткастите плодови се главно незаситени, што поволно влијае на здравјето на срцето и крвните садови. Иако се богати со калории, јаткастите плодови во умерени количества можат да помогнат во контролата на тежината. Тоа е затоа што протеините и диеталните влакна присутни во нив обезбедуваат чувство на ситост, намалувајќи ја потребата од чести оброци или нездрави грицки.
Друга важна работа е нивната разновидност. Може да се консумираат како закуска, да се додадат во салати за да се збогати текстурата или да се користат како здрава алтернатива при приготвувањето разни јадења. Оваа разновидност им овозможува на луѓето лесно да ги вклучат во нивната исхрана, без оглед на нивните навики во исхраната.
Не смееме да заборавиме на нивниот придонес во мускулната маса. Протеините се клучни за обновување и раст на мускулите, а јаткастите плодови се одличен извор на овој макронутриент од растително потекло. Затоа, тие не се одлични само за луѓето што се обидуваат да ослабат туку и за оние што се обидуваат да ја зголемат мускулната маса. Консумирањето јаткасти плодови може да придонесе за намалување на ризикот од развој на голем број болести, меѓу кои и дијабетес тип 2, како и кардиоваскуларни заболувања. Сето тоа ги прави не само пожелни туку и препорачливи како дел од секој здрав фитнес-режим.