Јаткастите плодови, особено оревите, се одлични за здравјето – тие го подобруваат здравјето на цревата и срцето, го забавуваат стареењето, а новото истражување тврди дека консумирањето ореви го намалува воспалението.
Во извештајот објавен во весникот „Американ колеџ оф кардиолоџи“, истражувачите се обиделе да утврдат како исхраната збогатена со ореви влијае на воспалителните биомаркери. Новата процена открива дека секојдневното вклучување на оревите во вашите оброци е поврзано со намалување на воспалението. Во период од две години, студијата била проследена со примероци од група од околу 700 луѓе на возраст меѓу 63 и 79 години, во однос на когнитивното здравје меѓу преостанатите обележувачи на стареење.
Иако не се сметаат за закуски како бадемите или индиските ореви, оревите имаат многу хранливи материи. Всушност, оревите можат да бидат рангирани меѓу најздравите јаткасти плодови. Тие содржат есенцијални омега-3 масни киселини во форма на алфа-линоленска киселина, која игра улога во функцијата на мозокот и докажано е дека помага во заштита од срцеви заболувања и во намалување на воспалението во телото, пишува „Мајнд боди грин“.
Иако на учесниците во студијата им биле дадени ореви како закуска, можете да ги додадете во вашите омилени јадења поради дополнителните хранливи материи. Оревите може да се јадат самостојно, но можете да ги додадете и во салата од овошје или зеленчук. Можете исто така да ги додадете во житните снегулки за појадок. Овие јаткастите плодови се одличен додаток во песто, ајвар, разни солени и слатки намази и секако десерти.