Техно

Компанијата „Епл“, според најавите на инсајдери, оваа есен треба да ја претстави новата генерација на ајпед про.
Новиот таблет на „Епл“ се очекува да поддржува индуктивно полнење мег сејф и долгонајавуваниот но сè уште неоткриен чип М2.

„Епл“ претходно ги претстави ајпeд ер и ајпед про со М1-чипови, а компанијата последен пат го освежи ајпед про во 2021 година, додавајќи 5Г и тандерболт-поврзување, како и првата генерација на системи на чипови „Епл силикон“.
Ајпед про на „Епл“ го има горе-долу истиот дизајн од 2018 година, кога компанијата го освежи овој таблет и усвои екран од раб до раб, вклучувајќи ги ајпед мини и гореспоменатиот ајпед ер.

Засега нема многу детали за чипот М2, но наводно е во производство од април минатата година. Повеќето медиумски извештаи велат дека М2 ќе го има истиот процесор со осум јадра, но ќе биде побрз и поефикасен благодарение на новиот процес на производство на ТСМЦ од 4 нм.