Нега и убавина

Доколку забележите дека косата ви опаѓа повеќе од вообичаено, можно е да имате недостиг од некој витамин, но можно е да се работи и за некои стандардни грешки што секојдневно ги правите при одржувањето на косата.
Дерматолозите Мунеб Шах и Лук Максфилд споделуваат што најчесто ја уништува нашата коса и како да ја поправиме. Тие наведуваат дека опаѓањето на косата најчесто е предизвикано од оштетување на скалпот, кое, всушност, ги оштетило фоликулите на косата.
Тврдат дека најчеста грешка е недоволното или претерано миење на косата. Некои луѓе не треба често да ја мијат косата, додека други треба да го прават тоа почесто. Ако вашата коса се крши, тоа значи дека премногу ја миете. Прекумерното миење може да предизвика и сувост на скалпот.
Ако се работи за мрсен тип коса, треба почесто да се мие. Маслото од косата се пренесува на перниците и тоа може да предизвика акни со текот на времето. Затоа, најдобро би било да препознаете кога навистина е време да ја измиете косата.
Втората најчеста грешка е тоа што луѓето користат производи што се премногу силни и тоа може да го уништи скалпот. Најдобро е да изберете природни производи што имаат балансирана пеха-вредност и едноставни состојки.
Исто така, правите грешка ако имате проблеми со кожата што не сте се обиделе да ги решите со стручна помош. Во случајот со косата, ова главно се однесува на првутот, од кој сакате да се ослободите на краток рок со одредени шампони наменети за овој проблем.