Нега и убавина

Холивудската дива чиј изглед плени со децении, шеесет и петгодишната Шерон Стоун, и покрај нејзиниот раскошен изглед, истакнува дека не сака да ја карактеризираат и паметат како „безвременска убавица“. Нејзината тајна е во едноставноста и прифаќањето на себеси и својата возраст. Таа е позната и по тоа што не ги користи услугите на естетските хирурзи, туку се потпира на природни препарати.
– Младоста не е единствената убавина. Другите животни фази можат да бидат еднакво убави. Таа идеја дека да се биде млад е единственото нешто што е убаво или привлечно, едноставно не е точно. Јас сум жена што се труди да биде најдобрата што може на нејзина возраст – изјави тогаш таа.
Миење без сапун: Шерон неодамна откри дека во сѐ се води по принципот на едноставност, особено кога се работи за нега и утринска рутина. Наутро само се мие со вода и ги мие забите. Никогаш не користи сапуни.
Истиот крем секоја вечер: Навечер го хидрира своето лице. Таа никогаш не оди во кревет без да ја отстрани шминката. И веќе 50 години го користи истиот крема за кој ја советувала нејзината мајка.
– Таа ми рече да го ставам наутро и навечер и дека ќе ѝ бидам благодарна до крајот на мојот живот, а сè уште сум, 50 години подоцна. Затоа кожата ми изгледа добро – открила актерката.
Пилинг: Пилингот е исто така важен дел од нејзината рутина, со што се постигнува ефект на чиста и здрава кожа.
– Мислам дека е важно редовно да ги отстранувам тие мртви клетки од површината на моето лице. Важно е добро да го исчистите лицето со топла вода и добар пилинг – изјави Шерон.
Омилена маска: Нејзината омилена маска има инстант ефект, а за да ја направите треба да измешате жолчка од јајце, пет капки сок од лимон, лажичка маслиново масло и да ја нанесете на лицето. Кога смесата ќе се исуши, измијте го лицето со топла вода.