Сигурно ви се случило повеќепати да се превртувате во креветот затоа што не можете да заспиете и сте будни додека минутите и часовите минуваат.

Се смета дека несоницата е редовен проблем кај голем број луѓе. Ако сте еден од оние луѓе што се будат неосвежени од ден на ден, еден лекар открил „чуден“ совет што ќе ви помогне да го пронајдете патот до „земјата на соништата“.

Докторот Каран Рајан страдал од несоница кога почнал да работи како лекар. На почетокот тој не верувал дека неговиот навидум контрапродуктивен совет, кој вклучува малку обратна психологија или „парадоксална намера“, ќе функционира.

Меѓутоа, доктор Рајан бил изненаден од тоа колку лесно му помогнало во борбата со несоницата.
– Во суштина, си велиш нема да спијам и остануваш буден. Само лежиш во креветот, со отворени очи и се принудуваш да останеш буден. Си велиш: „Не спиј, не спиј“. Во многу случаи ќе се чувствуваш уморно и ќе заспиеш, тоа успева – објаснува тој.
Лекарот вели дека оваа техника се нарекува „парадоксална намера“.