Медицински совет
Кардиоваскуларните заболувања се меѓу најчестите причини за смрт во светот, па затоа треба да внимавате на здравјето на срцето. Доколку не се откријат навреме и не се лекуваат, кардиоваскуларните болести можат да бидат фатални, па затоа е исклучително важно навреме да се забележат првите предупредувачки знаци. Докторот Дастин Портела предупреди на некои важни знаци што можат да се забележат на телото.
– Дерматолозите се обучени да бараат знаци на внатрешни болести, кои се појавуваат во вашата кожа или нокти. Има неколку што би можеле да го сигнализираат ризикот од срцеви заболувања – рече тој.
Според лекарите, ова се трите знаци на кои треба да обрнете внимание.
Отекување на нозете: Отекувањето на нозете е првото нешто на кое треба да обрнете внимание, особено билатералниот едем, кој се јавува на двете страни од телото. Имено, отекувањето на нозете може да биде знак за срцева слабост. Ова се случува кога долните комори на срцето престануваат ефикасно да пумпаат крв. Крвта може да се „акумулира“ во нозете, глуждовите и стапалата, што доведува до едем.
Свиткани нокти: Свитканите нокти може да бидат знак за срцева болест, срцева инфекција или болест на белите дробови. Нокт што се витка надолу, додека врвот на прстот отекува. Исто така, свитканите нокти се меки и сунѓерести на допир. Таквите нокти може да изгледаат црвени и да се шират околу врвовите на прстите.
Франков знак: Дијагонална бразда во ушната ресичка позната како Франков знак е показател за срцева болест. Истражувањата покажаа поврзаност помеѓу Франковиот знак и зголемениот ризик од исхемична срцева болест и срцев удар.