Магнезиумот е важен минерал, кој помага во борбата против секојдневниот стрес, исклучително е важен за мускулите и нервниот систем, а влијае и на концентрацијата и сонот. Тој помага да се надмине несоницата и да се подобри сонот. Магнезиумот исто така им помага на мускулите да се релаксираат побрзо. Сонот на многу луѓе е нарушен од болки во нозете и грчеви. Најчеста причина за тоа е недостигот од магнезиум, кој е неопходен за релаксација, мускулна контракција и нормално движење.
Магнезиумот, особено во стресни ситуации, поволно дејствува на организмот и воопшто на нервниот систем. Минималната дневна доза на овој минерал е околу 300 мг. Високо ниво на магнезиум не се препорачува, бидејќи може да биде штетно за здравјето.
Природни извори се зелениот листен зеленчук, мешунките, интегралниот ориз, целите зрна, сојата и семките од сончоглед, јаткастите плодови, млечните производи, месото, рибата, чоколадото со минимум 70 проценти какао, непреработената морска сол. Сепак, треба да знаете дека дури 50-70 проценти од овој минерал се губат со термичка обработка, како и со замрзнување на храната (до 40 проценти) и рафинирање (до 99 проценти).
Недостигот од магнезиум дополнително го предизвикуваат прекумерното консумирање алкохол и кафе и прекумерното внесување рафиниран шеќер. Долготрајниот недостиг од магнезиум се манифестира со грчеви во мускулите, чувство на вкочанетост и пецкање.