Медицински совет
Животниот век на еден човек во голема мера зависи од неговите навики, а не само од гените. Издвојуваме пет едноставни совети што ќе ви помогнат да си го продолжите животниот век.
1. Грижа за срцето: Болестите на кардиоваскуларниот систем се најчеста причина за ненадејна смрт. Затоа мора да се грижите за здравјето на вашето тело. Важно е да престанете да пушите, да јадете помалку брза храна и да пиете помалку алкохол. Исто така, експертите препорачуваат редовни посети на кардиолог.
2. Чај: Природните чаеви се вистински еликсир на младоста и доброто здравје. Тие содржат големо количество антиоксиданти што го подобруваат здравјето. Зелениот чај е одлична превенција од рак.
3. Здрава тежина: Прекумерната тежина е секогаш фактор на ризик, ги зголемува шансите за развој на сериозни болести, вклучувајќи и дијабетес. Затоа треба да го ограничите количеството на храна и редовно да вежбате.
4. Кислород: Ако сакате да ги исчистите белите дробови, треба редовно да одите во шума. Престојот во шума позитивно влијае на респираторниот систем. Исто така, не заборавајте на придобивките од морскиот воздух. Затоа, не останувајте дома за време на викендите. Подобро излезете во природа и уживајте во свежиот воздух.
5. Стрес: Научете како правилно да реагирате на емотивните моменти во животот. За намалување на стресот пијте билни чаеви и користете аромотерапија во вечерните часови.