Фотовест

Почна проектот „Колешино без отпад“, кој започна по иницијатива на активистите од селото Колешино, Струмичко, со цел да се приклучат и други членови од сите подбеласички населени места и пошироко. Во минатонеделната акција, учесниците во екоакцијата го исчистија целото село од отпадоци, а исто така беа искосени зелените површини.


– Акцијата е показател дека подбеласичките села имаат иднина, а моторот на ова случување беа младите основци од с. Колешино, кои работеа сѐ додека не се собра и последното парче отпад. Исто така, беше собран и исчистен отпадот и на теренот на големото игралиште, а според најавите, тоа наскоро ќе се врати во употреба – велат учесниците во екоакцијата.

Тие додаваат дека ова е само почеток на проектот „Колешино без отпад“, а нивна конечна цел е оваа парола во иднина да стане реалност.