Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје распишува нов и оригинален конкурс за современи авторски бајки посветени на градот Скопје.
Ликовите, настаните, атмосферата, визиите и локалитетите треба да се поврзани со неговото живеење. Темите и мотивите се слободни, како и начините за стилска и изразна постапка од страна на самите автори.

Обемот на авторските бајки треба да биде од три до десет страници (текст на А4 формат), а бројот на авторските бајки воопшто не е ограничен, што значи дека еден автор може да испрати повеќе свои авторски бајки.
Сите бајки треба да бидат потпишани со името и презимето на авторот, а во прилог треба да се наведат и мејлот, телефонскиот број и годините на возраст.
Рокот за испраќање на авторските бајки е од 5 април до 5 мај 2022 година.

Текстовите на авторските бајки треба да се испраќаат на следниов мејл: [email protected].
Избраните авторски бајки ќе бидат објавени во посебно издание – книга со наслов „Авторски бајки за Скопје“.