Фотовест

Во ООУ,,Видое Подгорец“ во Колешино деновиве беше раздвижено и разиграно. Причина е спроведувањето на екоакцијата „Чист и уреден еколошки двор“, која се реализира како дел од училишната екопрограма.
– Зелената акција во нашето училиште ја реализиравме по предметот Македонски јазик, со мотивираните ученици од седмо одделение и нивната наставничка Атина Манчева. Надвор е сѐ потопло и веќе мириса на пролет, па ова е само почетокот на предвидените еколошки акции во наредниот период – велат од училиштето.