Креативно катче
Во дворот на црквата „Св.Пантелејмон“, Горно Нерези, на 28 септември, во организација на Детскиот ликовен центар, а со поддршка од скопската општина Карпош, се одржа 17-та истоимена детска ликовна колонија. Во рамките на оваа културна манифестација учествуваа ученици од десетте основни училишта на територијата на општината, како и ученици од збратимената општина Нов Белград (Србија) и деца од тамошниот детски културен центар.
Нивните творби беа инспирирани од мотиви на повеќе слободни теми од секојдневието, а помош и поддршка добиваа од своите ментори наставници по ликовно образование. Младите талентирани ученици ги пренесоа своите уметнички импресии на тврда подлога, користејќи ја техниката со темперни и акрилни бои.
Детската ликовна колонија заврши на 29 септември, со доделување на дипломите за учество на секој ученик во дворот на библиотеката „Другарче“.