Фото: Библиотека „Гоце Делчев“-Штип

Неделата на детето во штипската библиотека „Гоце Делчев“ беше одбележана со средба со авторката за деца Сузана Мицева. Таа ѝ се претстави на најмладата публика со својата последна книга „Букварче, мое другарче“. Децата низ книжевен разговор, читање и забавни активности се запознаваа со буквите, со стиховите и поетскиот свет на Мицева. Креативната работилница ја водеа Соња Манева од библиотеката „Гоце Делчев“, универзитетската професорка Ана Витанова-Рингачева и авторката Сузана Мицева.