Со овој повик, „СОС – детско село“ ги повикува сите граѓани да го разбудат суперхеројот во себе и да се приклучат во најновата кампања „СОС-суперхерои“. Вклучувајќи се во оваа кампања, секој ќе може да донира и да им ја даде својата поддршка на децата без родителска грижа и социјален ризик за кои „СОС-детско“ село се грижи веќе 18 години.