Поради епидемијата на коронавирусот е одложен литературниот фестивал „Ракатки“, кој месецов требаше да се одржи по 16. пат, соопштија од фестивалскиот одбор на оваа реномирана републичка манифестација, која ги афирмира младите литературни творци од целата земја. Веќе се известени директорите на сите училишта, на кои дополнително ќе им биде кажан новиот термин за одржување на „Ракатки 2020“, што ќе се случи во хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ во Скопје. Во прилог една литературна творба на поранешна учесничка на овој фестивал, што е отпечатена во алманахот на фестивалот, кој се издава по секое издание на манифестацијата. 


Чувај го јазикот наш

Пишан споменик има, за нашиот јазик мил, за да ни каже и покаже, колку народот писмен бил. Цртки и рески има право, врежани во камен и дрво, за после азбука една, за нас значајна и вредна. Збор по збор се редат, во низата бисери сјајни, за да останат за век и веков, белези значајни и трајни. Чувај го јазикот наш, и идентитетот што ти дава сила, за сите на светот да знаат, каква Македонија отсекогаш била. Лора Сентова 8-б одделение, ОУ „Вера Циривири-Трена“ – Скопје