Келнерка од Србија ги разби стереотипите
Србинката на овие убави зборови доби низа комплименти на социјалните мрежи од Хрвати, кои ѝ порачаа дека такви луѓе како неа се добредојдени
Келнерка од Србија, која поминала една сезона во Шибеник со своите пријатели, ги споделила своите впечатоци за Хрватите на платформата Редит. На почетокот, девојката им се заблагодари на сите по завршувањето на нејзината прва сезона во гратчето во близината на Шибеник.
– Лично би сакала да им се заблагодарам на Хрватска и на Хрватите по првата сезона на море. Бев лоцирана во гратче во близината на Шибеник со неколку пријатели. Со оглед на тоа што сме од помало место во Србија каде што луѓето се претежно затворени, тие ни ги наполнија главите со секакви мисли. Затоа го пишувам ова јавно, бидејќи моето мислење целосно се смени, како и на моите пријатели – наведе Србинката.
Таа ги пофали Хрватите, особено загрепчани
Од илјадниците луѓе што ги служевме не добив ниту еден лош збор, поглед или нешто слично. Тоа се културни и љубезни луѓе, особено загрепчани. И сопственикот на локалот беше пријатен. Многу спомени, пливање, забава… Стекнавме еден куп пријатели од цела Хрватска – објасни таа.
Келнерката е задоволна и од заработката остварена во Хрватска.
– Заработивме одлични пари, со двомесечна заработка можеме удобно да живееме во Србија до следното лето. Затоа многу ви благодарам за можноста и се гледаме следната година, јас лично се надевам на подолго – заклучи таа.
Многу Хрвати контактираа со неа во коментарите, заблагодарувајќи ѝ се за убавите зборови.
„Секој што ја почитува Хрватска е добредојден и тоа треба да биде стандард за сите земји“, „Добредојдени сте и следната година“, „Одлично, убаво е да се слушаат убави приказни. Се надевам дека ќе ви се допадне и следната година“, „Ова беше убаво за читање, поздрав од Сплит“, се дел од коментарите.