УШТЕ ЕДЕН ИСТОРИСКИ ЛЕТ НА „ЕР ЧАЈНА“
Авионот „Б-919Ј“ (B-919Y) на „Ер Чајна“ го заврши летот до Специјалниот административен регион на Макао (САР) во четвртокот, што ја означи првата посета на домашниот кинески авион „C919“ на Макао, како и инаугуративниот лет од испораката на авионот „Б-919Ј“.
Авионот учествува на 13-та деловна изложба на авијација на Макао и ќе биде стациониран на одредена област на меѓународниот аеродром во Макао од петок до недела. Во овој период жителите и посетителите на Макао ќе имаат шанса да го видат одблиску.
Меѓу гостите што го пречекаа авионот на аеродромот беа претставникот на главниот извршен директор на САР, секретарот за транспорт и јавни работи Раимундо Араис до Росарио и претседателот на Управата за цивилно воздухопловство на Макао, Пун Ва Кин, кој им подари цвеќе на екипажот и персоналот за да им честитаат на летот.
– Ова е првпат „C919“ да лета на маршрутата до Макао и јас сум особено горд што ќе им го донесам овој домашен авион на луѓето овде. Откако го добивме нашиот прв авион „C919“ на 29 август оваа година, тој успешно оперира на линиите Пекинг – Шангај и Пекинг – Хангжу и наскоро ќе се прошири и ќе ги вклучи линиите како Пекинг – Вухан – рече Хао Ксин, заменик-шеф на летачкиот тим на „Ер Чајна“.