Кинескиот теренец не се плаши ни од поплави, бидејќи кога е поплавен може да лебди, па дури и да „плива“ половина час. Нема да застане дури и ако една гума се дупне, но суспензијата ќе се приспособи на возењето на три тркала, сето тоа благодарение на хидрауличниот систем „ДиСус-П“. Возилото има 38 сензори, кои вклучуваат три „ЛиДАР“, пет радари, 14 ултразвучни сензори и 16 камери. Во цената се вклучени сите системи за помош, вклучувајќи и автоматска контрола

Доколку некој се сомневаше во можностите на кинеската автомобилска индустрија, овој модел дефинитивно ќе ги убеди и најскептичните. Покрај овој модел, лесно можете да заборавите на сите технологии со кои се пофалија премиум претставниците од Западот. Имено, „би-уај-ди јангван У8 премиум едишн“ ги засени сите.
Погледот внатре веќе открива дека ова е сериозна закана за заспаната западна конкуренција. Од една страна нуди кожа „напа“ и скапоцено дрво, а од друга повеќе екрани отколку што има просечно домаќинство.
Возачот и совозачот имаат екран од 23,6 инчи, 12,8-инчниот дисплеј е во средината, а уште два се во потпирачите за глава назад и еден меѓу патниците во потпирачот за раце.
Кинеските дизајнери спектакуларно, како на „Ролс-Ројс“ нудат ѕвездено небо на покривот, „хај-фај“ аудиосистем „дајнодио евиденс серис“ со 22 звучници, но и три безжични полначи, како и фрижидер. А ние не ја ни изгребавме површината на технологијата со која располага овој огромен теренец.
Нема слаби точки ниту во однос на погонот. Има четири електромотори, а синергетскиот ефект е дури 1.200 КС. Така, ова чудовиште достигнува 100 км/ч за само 3,6 секунди и достигнува ограничена максимална брзина од 200 км/ч.
Што се однесува до полнењето, имајќи предвид дека поддржува максимална моќност на полначот до 110 киловати, „Би-уај-ди“ наведува дека батеријата може да се наполни од 30 отсто до 80 отсто капацитет за само 18 минути. Ова е резултат на вградување помала батерија со капацитет од 49 киловат-часа, но и 2.0 бензински мотор, што значи дека се работи за плаг-ин хибрид.
А неговиот погон може да „работи“ во спротивна насока, со моќност до 6 киловати, кога ја снабдува семејната куќа со струја над 24 часа. Да не зборуваме за кампување.
Теренските можности, според ветувањата на производителот, се уште подобри од класата „мерцедес Г“. Досегот на електрична енергија е 180 км, а вкупниот со 75 литри бензин е над 1.000 км.
Четири независни мотори значат дека е возможен и маневар на ротација околу вертикалната оска, што вообичаено го промовира американскиот „Ривиан“.
Овој теренец не се плаши ни од поплави, бидејќи кога е поплавен може да лебди, па дури и да „плива“ половина час. Нема да застане дури и ако една гума се дупне, но суспензијата ќе се приспособи на возењето на три тркала, сето тоа благодарение на хидрауличниот систем „ДиСус-П“.
Конечно, има 38 сензори што вклучуваат три „ЛиДАР“, пет радари, 14 ултразвучни сензори и 16 камери. Во цената се вклучени сите системи за помош, вклучувајќи и автоматска контрола.
И, конечно, овој модел со сите наведени содржини и функции чини околу 140.000 евра. Оваа цена вообичаено ја има далеку послабата и помалку опремена конкуренција.