Комерцијална сателитска компанија постави рекорд за брзина од 100 гигабајти во секунда (ГБ/с), што е 10 пати побрзо од претходниот подвиг
постигнат речиси една година порано
Остварен „квантен исчекор“ во ласерските комуникации сателит-земја
Кина постигна пробив во ласерските комуникации сателит-земја што може да го отвори патот за технологијата 6Г и други апликации, вклучувајќи и далечинско сензорирање со ултрависока резолуција и технологија за позиционирање сателити од следната генерација.
„Чанг Гуанг сателитски технологии“ (Chang Guang Satellite Technology Co.), која е сопственик на Џилин-1, најголемата светска комерцијална сателитска констелација со далечинско сензорирање, рече дека постигнала брзина од 100 гигабајти во секунда, при ултрабрзински пренос на податоци на слики при тестирањето минатиот викенд.
Подвигот со 10 пати поголема од брзината од претходниот рекорд беше постигнат помеѓу копнена станица поставена на камион и еден од 117-те сателити што моментално го сочинуваат соѕвездието Џилин-1, соопшти компанијата.
Според Ванг Хангханг, раководител на технологијата за ласерска комуникација на копнената станица на компанијата, технолошкиот развој го става сателитот „Чанг Гуанг“ пред „Старлинк“ на Илон Маск.
– „Старлинк“ на Маск го откри својот ласерски меѓусателитски комуникациски систем, но сè уште нема распоредено ласерска комуникација од сателит до земја. Мислиме дека тие би можеле да ја имаат технологијата, но веќе започнавме со широко распоредување. Планираме да ги распоредиме овие ласерски комуникациски единици низ сите сателити во соѕвездието Џилин-1 за да ја подобриме нивната ефикасност, со цел да вмрежиме 300 сателити до 2027 година – рече Ванг Хангханг.
Следната генерација на безжична технологија 6Г е со брзини над терабајт во секунда и екстремно мала латентност од само 100 микросекунди, со цел да обезбеди глобална покриеност со комбинирање мрежи на копно, воздух и во вселената, користејќи бранови со повисока фреквенција, како што се оние во опсегот на терахерци.