Панелите „топкон тајгер нео“ од типот Н се со километри понапред во однос на ефикасноста и излезната моќност, додека одржуваат речиси нула влијание на јаглеродот врз животната средина. Новата зелена фотоволтаична ќелија што Кина му ја претстави на светот е значаен пробив што ги разбива дури и тандемите на перовскит и силикон, кои Јапонија можеше да ги искористи за повторно да го реосмисли глобалниот енергетски пазар. Дали е ова пробивот што го чекаше светот?
Кина му ја претстави на светот првата зелена фотоволтаична ќелија
Обновливите извори на енергија цветаат во Кина, со рекордно ниво на складирање и производство. Сега, меѓутоа, штотуку ни беше зададен удар што ги „скрши“ сите соларни панели во Америка. Првата зелена фотоволтаична ќелија штотуку го демантира секое верување што го имавме за обновливата енергија, а група научници го демонстрираа невозможното илјадници километри далеку од нас. Што можеше да го поттикне сето тоа? Ние ја објаснуваме детално состојбата.
„Џинко солар“ е еден од најголемите и најпрогресивни производители на соларни панели на глобалниот пазар. Тие неодамна ги претставија своите нови модули „нео грин“, што може да се смета како огромен чекор напред во процесот за производството на електрична енергија да стане што е можно поодржливо и да остави минимално негативно влијание врз животната средина.
Овие панели „топкон тајгер нео“ од типот Н се со километри понапред во однос на ефикасноста и излезната моќност, додека одржуваат речиси нула влијание на јаглеродот врз животната средина. Панелите „нео грин“ се изработени од технологијата „топкон“ од типот Н на „Џинко солар“, која е значително поефикасна и со високи перформанси во однос на современите соларни панели.
Иако не се дадени конкретни бројки за перформансите со панелите „нео грин“, технологијата од типот Н нуди поголема ефикасност и подобрен одговор при слаба осветленост, заедно со побавните трендови на деградација. Овие панели се дизајнирани да обезбедат оптимални перформанси на енергија и покрај нивното влијание врз околината.
Со тие панели компанијата отиде чекор подалеку од традиционалните нивоа на производство со обезбедување на животната средина во производствениот процес. Што се однесува до овие панели, некои од фабриките ја добија т.н. фабрика за нула јаглерод од „ТИВ Рајнланд“, кое е меѓународно тело за сертификација.
Создавањето на панелите „нео грин“ е резултат на масовното истражување и развој на компанијата „Џинко солар“ во изминатите неколку години.
Новата зелена фотоволтаична ќелија што Кина му ја претстави на светот е значаен пробив што ги разбива дури и тандемите на перовскит и силикон, кои Јапонија можеше да ги искористи за повторно да го реосмисли глобалниот енергетски пазар. Дали е ова пробивот што го чекаше светот?