Според студија неодамна објавена во списанието „Нејчр енерџи“, чистиот водород може да биде и главен носител на енергија и суровина што може значително да ги намали емисиите на јаглерод од тешката индустрија, пренесува кинеската новинска агенција „Синхуа“
Кинеските научници и нивните американски колеги неодамна објавија процена за идната употреба на чист водород во Кина во тешката индустрија и тешкиот транспорт, истакнувајќи дека чистиот водород може значително да ги намали емисиите на јаглерод. Според студијата неодамна објавена во списанието „Нејчр енерџи“, чистиот водород може да биде и главен носител на енергија и суровина, што може значително да ги намали емисиите на јаглерод од тешката индустрија.
Во моментов, енергијата што се користи во тешката индустрија и транспорт е тешко да се префрли на обновлива енергија, според студијата спроведена од истражувачите од универзитетите „Нанкаи“ и „Харвард“. Чистиот водород може да се произведува од различни извори, вклучувајќи и обновлива електрична енергија и природен гас, подобрени со технологиите за управување со јаглерод.
Резултатот од моделот на анализа во студијата покажува дека до 2060 година, чистиот водород може да се користи до 50 отсто во кинескиот возен парк на тешки камиони и автобуси. Резултатот исто така покажува дека користењето чист водород во Кина се очекува да заштеди 1,72 илјада милијарди американски долари до 2060 година во инвестициски трошоци за да се постигне јаглеродна неутралност во споредба со сценарио без употреба на водород.
Според студијата, резултатот дава докази за вредноста на чистиот водород во секторите во кои тешко се намалуваат јаглеродните емисии за Кина и за земјите што се соочуваат со слични предизвици во намалувањето на загадувањето.