Треба ли економиите да се отворат веднаш?

Мислењета во селектираните држави во анкетата на институтот „Ипсос“ на прашањето кога би било пожелно економиите да се рестартираат по панедмијата од коронавирусот во 2020 година се различни и покрај фактот што дел од земјите во светот полека започнаа да ги укинуваат рестриктивните мерки

Истражување на Ипсос
Луѓето низ светот имаат многу различни мислења и чувства за возобновување на економиите, се наведува во истражувањето на „Ипсос“. Според анализата на институтот, Русите најмногу се залагаат за повторното рестартирање на економијата, а истовремено се и народ што, пак, и најмалку се плаши од таквиот чекор. Германците кон отворањето на секојдневните бизнис-активности и продолжување на патувањата гледаат со уште поголема позитивна мисла, знаејќи дека нивната земја добро се справи со предизвиците на коронавирусот. Околу 44 отсто од Германците се нервозни повторно да излезат надвор. Сепак, Германците сè уште се и малку поделени во врска со изгледите за започнување на економијата, и покрај фактот дека бизнисите во земјата полека почнаа со укинување на рестриктивните мерки.

Од друга страна, Индија, која е под строг карантин од крајот на март, можеби нема да ги продолжи затворањата на бизнисите и сите ограничувања на патувањата по 3 мај. Оваа перспектива ги прави нервозни речиси 80 проценти од Индијците.
Но можеби и без оглед на потребата, Индијците сепак размислуваат да се отворат повторно, и тоа околу 51 отсто од нив велат дека се согласни со тоа, додека 43 проценти се противат на брзото отворање на бизнисите. Од друга страна, во Кина и Италија, двете држави што беа во првите редови на пандемијата на коронавирусот, таму мнозинство од народот вели дека економијата треба да започне одново да функционира, и тоа што поскоро.

Во меѓувреме некои од Кинезите, според истражувањето на „Ипсос“, сепак, сакаат да останат претпазливи и се загрижени за повторното излегување во јавност. Истата анкета покажува дека Италијанците, кои се соочија со најдолгиот карантин во Европа до денес, се чувствуваат подготвено да продолжат со нормалниот живот.