Фото: Пиксабеј

Домување

За домашните растенија да изгледаат убаво и да го украсуваат просторот, мора редовно да се грижите за нив. Тоа не е секогаш лесно бидејќи ни се чини дека и покрај сите наши грижи, тие сè уште стагнираат. Ако сакате вашите домашни растенија да растат побрзо, нивниот раст може да се забрза со наводнување со природни раствори или остатоци.
Лушпи од јајца: Лушпите од јајца обично ги фрламе, но всушност можеме да ги користиме како природно ѓубриво за домашните растенија. Лушпите содржат многу калциум и го спречуваат гниењето на корените. Пред да ги додадете на цвеќињата, чувајте ги лушпите во вода пет-шест дена, а потоа додајте ги во почвата.
Покрај тоа, водата во која сте ја чувале лушпата можете да ја користите и за цвеќето. Проточната вода измешајте ја со водата во која сте ја чувале лушпата од јајцето во сооднос 5:1 и со неа полевајте ги растенијата.
Вода од варени јајца: Откако ќе ги сварите јајцата, зачувајте ја водата за наводнување на цвеќето бидејќи е полна со калциум, од кој имаат корист растенијата. Се разбира, пред наводнувањето на растенијата, оставете ја водата целосно да се излади.
Талог од кафе: Кога пиете кафе, наместо да го истурите талогот, нахранете ги растенијата со него. Експертите велат дека тоа е одлично природно ѓубриво за растенијата бидејќи содржи три многу важни компоненти што им се потребни – азот, калиум и фосфор. Ако го додадете овој остаток во почвата, растението ќе расте побрзо и ќе биде погусто.