Домување
Ако некогаш сте направиле релаксирачка масажа, тогаш знаете дека етеричните масла можат да ги разбудат сите сетила и да релаксираат, како и да ѝ овозможат на кожата да ги впие сите оние прекрасни мириси што нè прават свежи и екстатични. Исто така, дифузерите за освежување на простории во кои се додаваат етерични масла денес се достапни речиси во сите подобро опремени продавници по пристапни цени. Тешко е да се постигне вистинската мера во комбинацијата на етерични масла за да биде пријатна и освежителна. Затоа постои едноставен рецепт за вашиот дом секогаш да мириса пријатно и чисто со комбинација на етерични масла.
Измешајте две лажичиња масло од лаванда и две лажичиња масло од лимета. Најдобро би било да ги оставите измешаните масла да отстојат неколку дена за совршено да се соединат, а потоа во шишето со распрскувач додајте и околу 100 мл алкохол. Со оваа смеса одвреме-навреме прскајте ги завесите или теписите и вашиот дом ќе мириса свежо. Неколку капки од оваа смеса можете да испрскате и на филтерот на клима-уредот.
Пред да посегнете по вештачките освежувачи на простории, кои често имаат негативен ефект поради хемиските испарувања, обидете се да ги искористите овие совети за да внесете свежина во просторот во кој живеете на сосема природен начин.