Многу бизниси ги затворија вратите поради рестриктивните мерки

САД неодамна го усвоија и третиот предлог-закон за стимулирање на економијата, а меѓународната споредба покажува дека беше крајно време. Според анализата на аналитичкиот центар „Бројгел“, САД се земја што во моментов нуди многу пониско ниво на финансиска помош за последиците од коронавирусот отколку другите развиени земји. Помошта од 900 милијарди долари ќе го зголеми нивото на економски стимул од претходните 14 проценти од американскиот БДП во 2019 година на 18 проценти.

Иако тоа ги остава САД во долниот дел од ранг-листата на земји со најголеми стимулативни пакети, уделот на земјата во однос на итната фискална помош е поголем отколку на други држави. Бидејќи исплатите на граѓаните во форма на чекови се вклучени во новиот закон, високото ниво на непосредни трошоци најверојатно ќе остане исто откако новиот закон ќе биде внесен во пресметката на аналитичкиот центар.

Априлските чекови од 1.200 американски долари на Американците во одредени групи на приходи достигнаа 600 милијарди долари, што е најголема индивидуална ставка во целиот пакет. Целата помош достигна речиси 2.000 милијарди долари директни стимулативни мерки, како и 560 милијарди долари за одложување даноци на доход и студентски заеми и 560 милијарди долари мерки за ликвидност и гаранции.