Во неделата, пред полната сала на малата сцена во Татарот за млади во Нови Сад, беше прикажана македонската театарска претстава „Разведи ме“, во режија на Роберт Ристов. Станува збор за дуодрама во продукција на театарот „Провокација“ од Скопје. Во претставата играат Роберт Ристов и Мирјана Ристов, а во видеопроекцијата играат Љубиша Савановиќ, Благој Чоревски и Зорица Панчиќ.
– Заедничката врска од заедничкото живеење на државите од поранешна Југославија има влијание и денес. Тоа е таа култура, тој менталитет. Без разлика дали театарски групи од овие држави гостуваат во Македонија или ние гостуваме кај нив, меѓусебно знаеме да си ја препознаеме нашата уметност и да уживаме во тоа – изјави Роберт Ристов, актер и режисер, непосредно по завршувањето на претставата.
Театарот „Провокација“ досега ја играше претставата „Разведи ме“ во Бања Лука, Сараево, Вараждин, Белград, Шид и Топола. Во Топола на фестивалот на дуодрама, претставата го доби гран прито за најдобра дуодрама во регионот.
Tеатарот „Провокација“ е независна театарска група, основана од актерот Роберт Ристов во 2019 година. И покрај пандемиските услови на почетокот, овој театар бележи 45 изведби на своите претстави и неколку значајни награди во Македонија и во регионот.

Специјално за „Нова Македонија“ од Нови Сад