Животни

Секогаш треба да внимаваме како се однесуваме со кучињата, бидејќи причините за нивното агресивно однесување се различни.
Експерти ја анализираа оваа тема и го кажаа своето мислење во врска со тоа. Акцентот е ставен на доброто препознавање на показателите дека на кучето му е непријатно!
Првиот индикатор што кучето го покажува е обидот да се оддалечи од изворот на стрес. Ќе ги спушти ушите на главата и ќе си замине. Ако случајно не му биде дозволено да замине, ќе го притисне телото на подот и ќе ја свитка опашката. Ќе биде целосно вкочането и ќе гледа во една насока. Но, доколку сме толку упорни да ги игнорираме сите овие знаци, кучето ќе почне да ’ржи.
’Ржењето покажува дека личноста запоставила сѐ друго и затоа не е добро да го казнувате кучето кога ’ржи, туку треба да се оддалечите од него. Чкртањето со забите е уште еден показател што му претходи на каснувањето, како и последниот знак за предупредување. Потоа следува каснување од кучето.
Секако, секогаш треба да бидете внимателни, бидејќи кај некои кучиња преминот од една во друга фаза на предупредување е многу брз, а кај некои изостануваат одредени облици на предупредување.
Експертите предупредуваат дека казнувањето на ’ржењето води директно до прескокнување на сите други предупредувачки сигнали, па на тој начин се јавува агресија.