Фото: М.Т.

Подај рака

Минатата недела на платото „Млечен“, во скопската општина Карпош, популарното музичко дуо Александар и Дац одржа бесплатен концерт под ведро небо и беше дел од една хуманитарна акција. Тие освен што ги пееја своите најголеми хитови, на задоволство на многубројните присутни, меѓу кои имаше и голем број деца, ги повикуваа луѓето да се јават на бројот 143123, со што ги поддржаа активностите на фондацијата „Радувај“ и на Советот на родители на ОУ „Војдан Чернодрински“. Тие на овој начин сакаа да помогнат во собирање средства за купување компјутери и друга неопходна техничка опрема за училиштето.
Имаше и кутии за донации, па се надеваме дека со оваа и слични активности ќе се соберат неопходните средства за подобра и посовремена едукација во ова училиште.