„Колибри“ е постојан придружник на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ уште од неговите почетоци пред 15 години. Со радост ги објавуваме литературните творби на децата-учесници на фестивалот на нашите страници, а со тоа придонесуваме за презентирање на детското литературно творештво во земјава.
Бидејќи, за жал, има сѐ помалку вакви манифестации за младите таленти, му посакуваме на овој фестивал уште долго да трае и да биде патоказ за младите таленти.

Наедно, од првите луѓе на фестивалот деновиве добивме благодарница за нашата континуирана поддршка, на што сме особено горди, со желби творбите на учесниците на „Ракатки“ уште долго да ги објавуваме на нашите страници.