Коалицијата Вреди ги договори имињата на новите министри во Владата

Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир, посочуваат извори од коалицијата за МИА. Од Владата пак за МИА велат дека до нив Вреди сѐ уште нема доставено предлог и очекуваат како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски тоа да се случи најдоцна до понеделник. Според извори во коалицијата Вреди, Беким...

Муртезани од Стразбур: Остануваме цврсто на нашиот европски пат

Пред повеќе од две децении во Солун беше дадено ветување дека иднината на Западен Балкан е во европското семејство и тоа ветување мора да продолжи да живее не само преку зборови, туку и преку дела, изјави министерот за министерот за европски прашања Орхан Муртезани во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет што започна попладнево во седиштето на...

Заврши амандманска расправа за предлог-буџетот, прифатени амандмани за службите за Брза помош

Комисијата за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2026 година. Беа прифатени неколку амандмани поднесени од опозицијата со кои ќе се обезбедат финансиски средства за доопремување на службите за Брза помош. Во попладневниот дел од расправата главно се разгледуваа амандмани со кои се бараше опремување или реконструкции на здравствени установи. Амандманската расправа продолжува и утре. Според најавите,...

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека првичните информации за тоа...

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судија во ЕСЧП

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната прес-конференција,...

Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК апелира до возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат

Состојбата со врнежи во земјава во моментот е стабилна, но според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина,...

Претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на словенските малцинства во Европа

Претседателот на македонско друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај присуствуваше на 28-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 33 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во...

Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација и регионализација на услугите, истакна Клековски

Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација, регионализација на услугите, услуги поблиску до граѓаните, нови услуги, поодговорно трошење на здравствениот денар. Ова го изјави попладнево директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, пред Средбата за договорни надомести 2026 година, каде е предвидено да им се презентира на сите јавни здравствени установи, што се измените во...

Највисокиот француски суд ја потврди пресудата на Саркози за прекумерно трошење во кампањата

Највисокиот апелациски суд во Франција, Касацискиот суд денеска ја потврди пресудата за незаконско финансирање на кампањата против поранешниот претседател Никола Саркози. Касацискиот суд во Париз пресуди дека понискиот суд бил во право што го осудил за незаконско финансирање во неговата неуспешна кампања за реизбор во 2012 година. Тој сега ќе отслужи шестмесечна затворска казна, веројатно со електронска нараквица - oбјави...

Пожар во комплекс облакодери во Хонг Конг, најмалку 13 мртви

Најмалку 13 лица загинаа, а 28 се повредени во пожар што зафати станбен комплекс во приградскиот округ Таи По во Хонг Конг - соопштија тамошните власти, а пренесе „Ројтерс“. Станбената зона се состои од осум згради и речиси 2.000 станбени единици. Еден пожарникар е меѓу загинатите во пожарот, потврди противпожарната служба, додавајќи дека повеќе од 700 пожарникари од нивниот персонал се...