Македонија денеска игра за пласман меѓу 12-те најдобри во Европа
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРИ
Освоениот бод на дуелот со Португалија ја остава Македонија во игра за продолжување во главната рунда. За да се пласираат црвено-жолтите меѓу 12-те најдобри, можно е да одлучува и гол-разликата. Во третото коло денеска играат Македонија - Романија (18 ч.) и Данска - Португалија (20.30 ч.)
Македонија и Португалија го одиграа својот прв нерешен резултат, 29-29...
Природата е најдобрa, но таинствена учителка!
Разговор со Ангела Тасеска, едукаторка на работилници за деца под ведро небо
Сакам децата да ја почувствуваат природата како нешто свое, како место што ги учи да бидат внимателни, одговорни и благодарни. Сакам да знаат какви видови живеат кај нас, колку национални паркови имаме, зошто се важни секоја река, шума или инсект. Уште поважно, сакам да научат дека треба...
Имиџот на кривата макарона
Неодамна се навршија точно 34 години откако Бугарија прва ја призна независноста на Македонија, чин што тогаш се протолкува како искрен гест на пријателство во време кога земјава тргна сама по својот пат, разделувајќи се од федерацијата во која помина безмалку пет децении.
Еден бугарски дипломат, кој учествувал во процесот на носење одлука за признавање на земјава, своевремено изјави дека...
Хјустон, имаме проблем!
Да се зборува вистината, во најмала рака, јавно да пишувате за тоа што вие го разбирате и говорите како сопствена вистина - како човек што нема што да изгуби, не е никаква храброст! Сосема е поинаква ситуацијата да го правите истото тоа, но од позиција на човек што има што да изгуби. Јас сега имам што да изгубам, но...
Вештачката интелигенција го менува начинот на кој луѓето тагуваат, се сеќаваат и се соочуваат со смртта
Сакале ние или не, вештачката интелигенција (ВИ) како најнов технолошки изум на човекот влегува во нашите животи на голема врата. Потврдено е дека таа помага во технологијата на разни процеси во индустријата, станува помошник во угостителството, во медицината, во образовниот систем итн. ВИ може да замени психолошки и психотерапевтски сеанси, дури обезбедува „дружба“ кога тоа не е можно на...
Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
Утринските температури во земјава се значително ниски, при што во Берово се измерени -11 степени целзиусови. Следат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со -10 степени, Скопје-Петровец со -9, а -8 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип термометрите покажаа -7 степени.
Највисока снежна покривка утрово до...
Граѓаните со нетрпение очекуваат нови телекомуникациски поволности
Третиот оператор наскоро со свои понуди
За познавачите на состојбите, реалните ефекти од воведувањето на новиот оператор ќе зависат од брзината на спроведувањето и од неговата способност да се наметне на пазарот. Регулаторната улога на државата ќе биде клучна за тоа како ќе заживее конкуренцијата, според легално утврдените принципи и стандарди, а се разбира, во функција и бенефиции за...
Може ли исчекор кон конструктивна соработка наместо тензија?
Рационалноста над емоциите: Потребни се дијалог и градење доверба меѓу Македонија и Бугарија
И покрај тоа што Основното јавно обвинителство во Скопје целосно го расчисти инцидентот со кршењето на стаклото на влезната врата на бугарската амбасада и поведе постапка против осомничениот сторител, за Бугарија ниту тоа не е доволно, туку бара драстични казни од Брисел кон Македонија. Тоа во...
Великобугарските стремежи повеќестрано да бидат изолирани!
Аналитички осврт врз бугарското признавање на Македонија од 1992 година
Фрламе аналитички поглед на бугарското признавање на македонската држава од 1992 година главно од гледна точка на декларативната теорија, една од неколкуте доминантни меѓународни теории за признавање на државите. Но, за потсетување, признавајќи ја Македонија според „иновативната формула“ „држава – да, народ и јазик – не“, Бугарија имплицитно во...







































