ОЈО ГОКК предложи куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ѓоко Ристов да му биде определена мерка куќен притвор, соопштуваат од ОЈО ГОКК. -Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се...

Почнаа интервјуата за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почнаа интервјуата на пријавените кандидати за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). За новиот состав на КСЗД пријавени се вкупно 14 кандидати. Актуелниот член на КСЗД, Лимко Бејзароски, нагласи дека одлучил да се кандидира за нов мандат поради, како што рече, резултатот што го...

Трамп на социјалните мрежи ги „обои“ Канада и Гренланд во американски бои

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката за територијално проширување, споделувајќи манипулирани фотографии на социјалните мрежи кои сугерираат проширување на американската контрола врз Канада и обновувајќи ги повиците САД да го преземат Гренланд. На една од фотографиите, Трамп е прикажан во Овалната соба со европски лидери, покрај табла со мапа на Западната хемисфера, на која САД, Венецуела, Гренланд и Канада...

Зеленски бара конкретни резултати: Потпишувањето на безбедносниот пакт со САД услов за учество на Светскиот економски форум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Давос само доколку таму се подготвени за потпишување документите за безбедносните гаранции со Соединетите Американски Држави и планот за просперитет на Украина. Зеленски, кој се очекуваше денеска да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, соопшти дека останал во Киев за да помогне во справувањето со последиците од масивните руски воздушни...

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на...

ЕП го поддржа усвојувањето на пакетот помош на Украина по скратена постапка

Европратениците денеска со големо мнозинство го поддржа барањето на Европската комисија за усвојување на финансискиот пакет на ЕУ за поддршка на Украина по скратена законодавна процедура. Согласно ваквата одлука, Европскиот парламент на следната пленарна седница ќе треба да се изјасни за предлог за исплата на заемот од 90 милијарди евра за поддршка за Украина. Со предлогот се предвидува ЕУ да обезбеди...

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари. Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување...

Царина запленила девизи, злато, цигари, бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија

Царинската управа информира дека нејзини службеници и мобилни царински тимови откриле неколку обиди за шверцување разновидна стока и неколку обиди за криумчарење поголеми суми девизи. Соопшти дека кај двајца грчки државјани, кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин „Табановце“, биле откриени непријавени 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка од околу 90 грама. -При личен претрес на...

На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба, вели д-р Мицевска

На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави...

Продолжи судењето на четворица турски државјани обвинети за помагањето во убиството на нивен сонародник во кафуле во Штип

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес за четворица турски државјани кои се обвинети дека помагале во извршување на кривично дело убиство во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во мај 2025 година во Штип. Првоосмничениот Кадир Кара, кој го призна делото и на кого му е изречена казна затвор од 17 години денеска во судницата беше во својство на...